Вести Свет Топ вести

Нов предизвик за Фон дер Лајен: Еврокомисијата пред гласање за недоверба

Пратениците во Европскиот парламент денеска во Стразбур ќе дебатираат за два предлога за гласање недоверба на Европската комисија предводена од Урсула фон дер Лајен.

Предлозите се поднесени од десничарската група „Патриоти за Европа“ и крајно левичарската „Левица“, а гласање е закажано за четврток.

Главните причини за недоверба се трговските договори со САД и земјите од Меркосур, кои според подносителите се штетни за европските земјоделци, работници и животната средина.

Левицата дополнително ја обвинува Комисијата за молк и неакција околу прекршувањата на меѓународното право во Газа.

И покрај критиките и зголемената поддршка за предлозите, според проценките, шансите за нивно усвојување се мали.

Повеќето европратеници од проевропското мнозинство најверојатно ќе гласаат против, со цел да се избегне политичка нестабилност во институциите на ЕУ.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе