Приватните превозници ја реализираа најавата и по десет часот денеска се исклучија од сообраќај. Најавија дека во наредниот период ќе возат само наутро се до исполнување на нивното барање односно исплата на поголема сума од долгот за кој велат дека достигнал 170 милиони денари, како и дека немаат исплата од месец март.
-По 10 часот целосно се повлекуваат сите автобуси. Апелираме што побргу да се надмине проблемот, да ни се уплатат средствата, како што знаете веќе ЈСП кога остана без нафта беа принудени да се повлечат, а нашите автобуси останаа и возеа. И покрај големиот долг и преголемиот број на патници, не ги оставивме патниците и возевме, така да ова веќе е неиздржилво,изјави Јовица Зафировски, претставникот на приватните превозници.
Зафировски додаде дека во петокот по расправијата со директорот на ЈСП им биле исплатени по 500.000 денари кои според нив се премалку. Најавија дека на јавноста ќе и достават финансова картичка која тврди дека покажува дека вкупниот долг кон нив е 170 милиони денари.
