Вести Свет Топ вести

Запалена џамија во Англија

Џамија во британското гратче Писхевен синоќа била мета на подметнување на пожар додека во објектот се наоѓале две лица. Полицијата го истражува случајот како злосторство од омраза. Нападот е последен во низата насилни инциденти во политичко тензичното лето на Островот, кога беше забележан и зголемен број на исламофобни и антисемитски напади, објави „Си-Ен-Ен“.

Според управителот на џамијата, кој инсиститал на анонимност, две маскирани лица најпрво се обиделе насилно да ја отворат вратата, по што ги полеале скалите со бензин. Во моментите на нападот, две лица на возраст над 60 години пиеле чај во внатрешноста на џамијата.

Нема повредени во пожарот во кој, пак, е причинета значителна материјална штета. Нападот го осудија верниците, но и Џејмс МекКлери, претставник на либералните демократи за округот Ливес (Lewеs). Полицијата на Сасекс порача дека ќе ги засили патролите во тоа подрачје поради сигурност и во останатите верски објекти во округот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе