Околу 900.000 Палестинци од вкупно околу еден милион Палестинци кои живееле во градот Газа и северниот дел од енклавата, според проценките на израелската армија, сега се евакуирани на југот од Појасот.
Според израелските податоци, бројот на Палестинци што го напуштаат северниот дел од Појасот Газа се зголемил во последните недели по напредувањето на израелската армија, објави „Тајмс оф Израел“.
Меѓутоа, Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарните прашања објави на 2 октомври дека „се проценува дека стотици илјади луѓе остануваат во градот Газа и северниот дел од енклавата“.
Од минатиот месец на цивилите им е наредено да го напуштат градот Газа и сите области во северниот дел од енклавата и да се упатат кон хуманитарната зона назначена од Израел во јужниот дел од Појасот Газа, бидејќи во спротивно ќе бидат третирани како терористи.
