Вести Македонија Топ вести

Ако учениците нѝ се меѓу последните на ПИСА тестовите, ако УКИМ не е на Шангајска листа, имаме системски проблем – Јаневска на светскиот Ден на учителите

Фактот дека Државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ никогаш не бил меѓу најдобрите универзитети на Шангајската листа, резултатите по полагањето на матурата кои по кој знае кој пат говорат за квалитетот на образовниот систем и начинот на кој се вреднува знаењето, се поставува прашањето кои се предизвиците со кои се соочуваат наставниците денес, на Светскиот ден на учителите.

„Ако учениците нѝ се меѓу последните на ПИСА, ако факултетот не ни е ни меѓу 1.000, нели најголемиот УКИМ на Шангајската листа, значи ние имаме системски проблем. И треба системски да го решаваме. Она што владата и државата се должни е да им помогнат во нивниот професионален развој, стекнување на општествен статус, враќање на дигнитетот на наставникот, добивање на правото место кое треба да го има и меѓу учениците и меѓу колегите и во целото општество“, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. 

Веднаш по завршување со изборите, Министерството за образование и наука започнува јавна дискусија за новиот Закон за високо образование и Законот за научно-истражувачка дејност со кои  треба да се подигнат критериумите за избор на професори.

Статусот на наставниците во образовниот систем, нивното стручно усовршување, начинот на кој општеството ја вреднува нивната улога и на кое ниво е јавната и институционална свест за потребите и предизвиците на наставниот кадар, се само дел од темите кои беа загатнати на чествувањето на Светскиот ден на учителите и почетекот на кампањата „Магијата е во знаењето“ на иницијатива на Министерството за образование и наука.

„Потребни се многу инвестиции во однос на образованието и работата на наставниците. Треба да се цени нивната работа, се со цел тие ефективно да можат да ја вршат својата работа, како што сите ние родителите сакаме нашите деца да учат добро. Тоа значи дека мора да се работи на стручното усовршување на наставниците, обезбедување доволно ресурси за наставата како и давање огромна поддршка за нивната работа“, истакна Лесли Милер, претставничката на УНИЦЕФ во Македонија.

Според деканката на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, во изминатите неколку години расте интересот на матуранти со висок училишен успех кои се запишуваат на овој факултет, свесни за сите предизвици кои со себе ги носи наставниот процес и креативниот пристап кој е неопходен за да се задржи вниманието на новите генерации.

„Од нив се бара веднаш да се прилагодат на сите промени кои се случуваат во општествениот живот поврзани со технолошкиот развој, да применуваат дигитални алатки во својата наставна работа, интерактивни методи и да го применуваат методот на брзи интервенции во наставните програми, односно да ги менуваат целите, активностите“, рече проф. д-р Билјана Камчевска, декан на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на учителите, МОН и Сојузот на просветни работници на Македонија ги доделија признанијата „Просветен работник на годината“ за учебната 2024/2025 година.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе