Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на милитантната палестинска организација Хамас по нивната реакција на неговиот мировен план за војната во Газа и повика на брза акција, пренесе агенцијата ДПА.
„Хамас мора да дејствува брзо, или сите облози ќе бидат поништени. Нема да толерирам одложување, за кое многумина мислат дека ќе се случи, или каков било исход каде што Газа повторно претставува закана. Ајде да го завршиме ова, брзо“, објави Трамп на својата платформа Truth Social.
Хамас вчеравечер прифати делови од мировниот план на Трамп, вклучително и ослободувањето на сите заложници, но во исто време побара натамошни преговори. Трамп, пак, побара Израел веднаш да престане со бомбардирањето на Појасот Газа за да го олесни ослободувањето на заложниците.
