Вести Македонија Топ вести

Недостига дел од терапијата, реагираат онколошките пациенти

„Се снаоѓаме или купуваме приватно лекови. За жал мораме да ги набавуваме во Србија или во Косово, се снаоѓаме како знаеме и умееме или меѓу нас пациентите на некого ако останало терапија или таа не ја прима во моментот, па се разменуваме, раскажува Анжелика Колева, онколошки пациент.

„Макотрпно е во секој случај, затоа што е неизвесно дали ја има некој или дали може да ја набави или не. Конкретно мојот лек го немаше два месеца по аптеките. За кој лек станува збор? – За летрасан. Го имаше од друга фирма, но мене не ми одговара на организмот, значи мора да го примам летрасанот“, вели Колева.

Таа пред пет години завршила со хемотерапиите и во моментов е на таблетарна терапија. Вели дека за среќа, терапијата која во моментов ја прима ја има, но не редовно, затоа што има периоди во кои истата терапија ја нема два до три месеци. Тоа е случај со дел од таблетарната и дел од биолошката терапија, нагласува Колева.

Според првиот човек на Фондот за здравство, Сашо Клековски биолошката терапија ја има. И од самиот почеток со префрлање на лековите летрозол и анастрозол од болничка на позитивна листа во аптеките ги има. Станува збор за генерички лекови од кои има четири бренда регистрирани во Македонија, додава тој.

„Да почнам од првото, најодговорно тврдам дека недостиг на биолошка терапија нема. Има недостиг на два лека кои се генерички лекови кои сè уште се издаваат на Клиниката за онкологија, за едниот лек производителот од Турција немаше достава, од понеделник треба да го има на Клиниката за онкологија, а вториот лек е во одреден период во дефектура исто производствена, меѓутоа има соодветна замена на клиникта“, изјави Сашо Клековски, директор на ФЗОМ.

„Проблемот е што некогаш лекот е навистина евтин и бидејќи бизнисот е важен кога се фармакомпаниите на пазарот дали имаат интерес да го набавуваат тој лек или не. Некогаш имаме и такви проблеми, иако тендерот е објавен, постои тендерската постапка, меѓутоа никој не се пријавува да го добави лекот“, рече Милица Кузмановска од „Хема Онко“.

Дополнителен проблем, според Клековски, во иднина ќе биде недостигот на генерички лекови, не на биолошките, затоа што цените се многу паднати на тие лекови и некои дистрибутери не гледаат интерес во нивна дистрибуција. Затоа се разговора со производителите дека не може само да се преговара за палета лекови во која имаат добивка, вели Клековски, туку заедно со другите производи да се обезбедат и оние каде што добивката не е толку голема.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Приведени четворица заради убиство во скопски Таор – мажот прво ја пријавил за исчезната, а потоа дека ја нашол мртва жената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе