Лидерот на политичкото движење АНО, Андреј Бабиш прогласи победа на парламентарните избори во Чешка и изрази надеж дека ќе успее да формира влада. За резултатот на неговата партија рече дека е „најдобар во историјата на парламентарните избори во Чешка и оти е плод на тимска работа.
Според чешкиот завод за статистика, партијата АНО добила најмногу гласови на парламентарните избори по пребројани ливчиња од 90 отсто гласачки места, односно 36 отсто наспроти групата Спола на премиерот Петер Фиала која доби 22,3 отсто гласови.
Прелиминарните резултати покажуваат и дека цензусот од пет отсто го минаа пет политички партии. Дводневното гласање на изборите за Долниот дом на парламентот во Чешка заврши денеска, а излезноста била околу 55 отсто.
С.Д.
