Советот на народната банка го усвои извештајот за финансиската стабилност за 2024 година, во кој се оценува дека финансискиот систем останал стабилен и отпорен на шокови. Позитивни резултати се забележани и кај приватните пензиски фондови кои во 2024 година оствариле повисоки реални и номинални приноси.
Осигурителниот сектор покажал стабилност со соодветна солвентност и профитабилност, додека отворените инвестициски фондови бележат раст од над 60% во управуваните средства, стои во извештајот на Народна банка. Од таму додаваат дека, иако геополитичкото опкружување останало нестабилно, финансиските институции успешно се приспособувале на условите.
