Вести Економија

Електродистрибуција инвестираше 30 милиони евра во првите шест месеци од годината

Дистрибутивниот систем оператор – Електродистрибуција, својот главен фокус во првите шест месеци од годината го стави на дигиталната трансформација и модернизацијата на дистрибутивната мрежа. Само во првата половина од 2025 година, компанијата инвестираше 30 милиони евра во проекти на високонапонско, среднонапонско и нисконапонско ниво.

  • Преку овие инвестиции, Електродистрибуција обезбедува соодветен развој на дистрибутивната мрежа и намалување на загубите, следејќи ги потребите на корисниците, обезбедувајќи соодветна техничка и стручна подготвеност, брзо и ефикасно приклучување на новите корисници на мрежа и квалитетна услуга на постојните.

Континуираните инвестиции придонесуваат за намалување на техничките загуби, подигнувајќи го нивото на ефикасност на целиот систем, соопштуваат од Електродистрибуција.

Посветеноста на Електродистрибуција во создавањето на модерна и ефикасна дистрибутивна мрежа е од посебна важност. Со тоа се овозможува сигурно и непречено снабдување на корисниците и е темел за идниот економски развој на земјата.

Комерцијална објава 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди северниот дел на Јапонија

Sasko Dimovski

ЕУ го одобри трговскиот договор со САД за царините

Sasko Dimovski

Има 112 далекуводи, за 59 нема имотни листови, трафостаници во заедничка сопственост со ЕВН – ревизорски извештај за МЕПСО

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе