Вести Култура

Американскиот кинематографер Уоли Фистер е добитник на Златна камера 300 за придонес во филмската уметност

Уоли Фистер, американски режисер и кинематографер , добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, на претстојниот 46. ИФФК „ Браќа Манаки“, ќе ја прими наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност. Тој ќе дојде во Битола и ќе одржи мастер- клас. Лауреат на наградата за животно дело е иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, добитник на БАФТА и на три награди Цезар. Тој во Битола ќе одржи работилница. Во градот на конзулите ќе престојува и Семих Капланоглу, сценарист, режисер и продуцент од Турција, добитник на „ Златна мечка “ во Берлин, за филмот „ Мед“.  Остварувања од тројцата лауреати ќе бидат прикажани на фестивалот, кажа директорот на фестивалот.

  • Верувам дека со нивното присуство во Битола , фестивалот добива една нели поинаква димензија , поквалитетна и на духовно и на професионално издигнување и ниво, рече Димитрија Доксевски, директор на ИФФК „ Браќа Манаки“.

Годинашното издание на „ Браќа Манаки“ донесува 70- тина филмови, распоредени во повеќе програми. Главната , што вклучува 40 остварувања ќе започне со најновиот филм на Теона Митевска „ Мајка“, кој воедно ќе го отвори фестивалот. А, на затворањето ќе биде прикажано долгометражното, наградувано деби „ Диџеј Ахмет“, на сценаристот и режисер Георги Унковски. Во програмата краткометражни филмови ќе бидат прикажани 14 остварувања од целиот свет. Меѓу нив се и два филма со македонски удел.

  • Тоа е филмот „ Нова енергија“ на режисерите Сара Климоска , која што ја знаеме како актерско име и Радован Петровиќ. Камерата ја потпишува драгата пријателка на фестивалот Браќа Манаки, Бојана Андриќ од соседна Србија. И дополнително, меѓу тие 14 наслови имаме и наша копродукција . Тоа е филмот „ Лојалност“, кажа Марија Апчевска, селекторка на краткометражната програма.

Според селекторката Кумјана Новакова, во документарната програма ќе бидат прикажани 8 остварувања. A, во студентската програма ќе бидат прикажани 16 филмови.

Фестивалот ќе трае од 20 до 26 септември, со учество на 150 гости од странство, меѓу кои и нашиот режисер кој живее и работи во Прага, Иво Трајков.  Наградата Голема ѕвезда на македонскиот филм ќе ја понесе композиторот Кирил Џајковски.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го повика Путин на директни разговори за крај на војната – дојди слободно во Москва, одговори Кремљ

Igor Trajkov

(Видео)Мицкоски задоволен од средбата со Мерц на вториот ден од Самитот ЕУ–Западен Балкан

Tea Dimkovska

Пријателска средба со францускиот претседател – Мицкоски со Макрон во Тиват

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе