Вести Култура Топ вести

Македонската режисерка Котевска која единствена се осмели да живее со племе во Сибир сега го освојува Венецискиот филмски фестивал со два филма

Светската премиера на нејзиниот трет долгометражен документарен филм „Силјан“ во Венеција, а американската премиера во официјална селекција на Торонто, Котевска истовремено го претставува и својот нов документарен филм кој моментално го снима во Сибир: „Мамутите кои избегаа од царството на Елрих хан“.

Филмот се најде меѓу тесната селекција на копродукцискиот маркет на Венецијанскиот филмски фестивал. Во телефонски разговор за Телма Котевска ги сподели своите впечатоци по премиерата на нејзиниот најнов документарен филм „Силјан“ во Венеција.  Англискиот дистрибутерски гигант Dogwoof од Лондон го откупи светските права за интернационална продажба на „Сиљан“.

„Премиерата помина магично, се уште сме под силни импресии. Салата беше полна имаште прекрасни реакции, солзи многу честитања. Прекрасно си поминуваме. Само што излегоа првите критики во многу интернационални списанија за филмска критика и освртите се одлични може да ги проследите. Филмот го декларираат како ремек дело“ изјави Тамара Котевска, режисерка во телефонски разговор за Телма.

-Кои се главните аспекти кои ги загатнува филмот, станува збор за исклучително важна тема која не може да се врзе само на локално ниво, туку тема која е застапена во сите делови на светот?

„Темата која што филмот ја обработува пред се е за човек ој се поврзува со штрк и кој развива соживот со штрк, меѓутоа поголемата тема која ја обработува филмот е за миграцијата на земјоделците како тоа влијае на целиот еко систем и како тоа влијае на животот на штрковите, како се интерно поврзани. Тука ја користам симболиката на штрковите кои се многу битен симбол на македонската култура и поврзана со македонската миграција која што е еден од нашите најболни теми“ додава Котевска.

-Имајќи предвид дека на Венецискиот фестивал на маркетот Вие се претставувате со уште едно Ваше филмско остварување на кое работите со Жан Дакар станува збор за документарниот филм кој во моментов се снима во Сибир „Мамутите кои избегаа од царството на Елрих хан“.

„Тоа е нашиот нов документарен филм кој го снимаме на последната точка на север на планетава каде има цивилизација и беше селектиран во тесниот избор на маркетот на кофинансирање“ рече Котевска.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Временска прогноза за 6.6.2026

meteo

Зеленски го повика Путин на директни разговори за крај на војната – дојди слободно во Москва, одговори Кремљ

Igor Trajkov

(Видео)Мицкоски задоволен од средбата со Мерц на вториот ден од Самитот ЕУ–Западен Балкан

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе