Вести Македонија Топ вести

Ревизија откри сериозни системски слабости во работењето на ФЗО во 2023

Недоволна контрола и ИТ слабости го загрозуваат здравствениот систем и јавните финансии. Државниот завод за ревизија откри сериозни системски слабости во работењето на Фондот за здравствено осигурување за 2023 година, укажувајќи на отсуство на единствен интегриран систем за упати, лекарски извештаи и фактурирање.

Недостатокот на соодветни контроли создава ризик за неправилно користење на јавните средства и ја поткопува ефикасноста на здравствените услуги, се вели во ревизорскиот извештај за 2023 година.

Ревизорите посочуваат дека системот за е-рецепти сè уште не е воспоставен, а постојните контроли за рецепти не се доволни.

Ревизија нотира и критични ИТ проблеми – немање ИТ стратегија, недостиг на кадар и застарена серверска инфраструктура, што придонело за сајбер напад во февруари 2023 година.

И покрај преземените мерки за сајбер безбедност, остануваат ризици поврзани со безбедноста на системите.

Дополнително, утврдени се неправилности во процесот на упатување за лекување во странство, каде што за околу 5 милиони евра не постои соодветна контрола и следење на резултатите од лекувањата.

Фондот се соочува и со финансиски и правни неизвесности: неплатени придонеси, нерешени имотно-правни односи, застарени цени на здравствени услуги и нерегулирани судски постапки во земјата и странство.

Состојбата е дополнително отежната од неажурирана листа на лекови и фактот што две третини од јавните здравствени установи се сметаат за неодржливи, поради недоволен обем на услуги во однос на добиените средства, се вели во извештајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе