Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Литар Еуросупер БС-95 од полноќ ќе чини 74 денари, литар Еуросупер БС-98 ќе се продава за 76 денари, а литар дизел ќе чини 70 денари.
Мазутот поевтинува за 0,174 денари и килограм од полноќ ќе чини 39,409 денари за килограм. За денар, пак, поскапува метанот чија нова цена ќе изнедува 62 денара за килограм.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета, односно 69,5 денари за литар.
