Вести Економија Топ вести

Дизелот поевтинува за денар, бензините за половина денар – нови цени на горивата од полноќ

Малопродажната цена на литар Еуродизел од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за половина денар за литар. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,113 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,042 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 73 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 75 денари за литар. Еуродизел и екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) ќе се продаваат за 65 денари за литар, а мазутот М-1 НС ќе се продава за 36,042 денари за килограм. Малопродажната цена на метан за месец мај 2025 година ќе изнесува 60,000 ден./кг. и истата се намалува за – 6,50 ден./кг. во однос на малопродажната цена за месец април која изнесуваше 66,500 ден./кг.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,986 отсто, кај дизелот за 2,832 отсто, кај екстра лесното масло за 2,299 отсто и кај мазутот намалувањето е за 4,935 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе