Одлуките во однос на воведените американски тарифи за странските компании од автомобилската индустрија не може да се носат во Македонија. Точно е дека земјава ќе ги трпи последиците, но не може да одлучува и тоа ќе зависи од компанијата која извезува во Aмерика. Се отвора и прашањето колку Европската Унија (ЕУ) има адути да преговара за тарифите за автомобили кои ќе се одразат особено врз фабриките кои произведуваат автомобилски компоненти, е ставот на Виктор Мизо, потпретседател на Стопанска Комора на РСМ, изнесен во најновото издание на „Вин-Вин“ на Телма ТВ.
Мизо: Секое увезено возило од Европа во САД ќе биде поскапо од 4.000 до 16.000 долари
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
