Фудбалските репрезентации на Панама и Мексико ќе играат во финалето на Лигата на нации на КОНКАКАФ.
Панама приреди голем шок славејќи против САД на гостински терен на стадионот во Инглвуд пред 70.000 гледачи. Стрелец на единствениот гол за гостите беше Сесилио Ватерман во 94-тата минута од натпреварот. Фудбалерот на Панама победничкиот гол го прослави со легендарниот напаѓач Тјери Анри, кој беше во отворено студио крај теренот.
Мексико пак победи на гостински терен кај Канада со 0-2. Двата гола ги постигна Раул Хименез.