Спорт Фудбал

Милевски: Добро би било да почнеме со победа и да ја продолжиме добрата серија

Македонската А репрезентација утре против Лихтенштајн во Вадуц го игра првиот квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство 2026.

Селекторот Благоја Милевски е среќен што голем дел од репрезентативците по промената на клубовите ја кренаа својата форма и одиграа многу повеќе минути во однос на изминатата полусезона.

„Максимално се подготвуваме за натпреварот. Би било добро да почнеме со победа и да ја продолжиме серијата позитивни резултати, но до бодови можеме само со нашето најдобро издание. Ме радува што фудбалерите играат во своите клубови, имавме доста проблеми минатата година со неиграњето на репрезентативците во клубовите. Но, тие секогаш даваа максимум кога играа за селекцијата. Верувам дека сега ќе биде само подобро. За да победите мора сите линии да се на високо ниво, сите фудбалери се битни и нашиот фокус е да функционираме до максимум. Неколку фудбалери не можат да ни помогнат заради повреда, го имам стартниот тим во главата и верувам дека сите ќе бидат здрави по последниот тренинг. Имаме максимален респект и убеден сум во максимален пристап“, изјави Милевски на денешната прес-конференција во Вадуц.

Капитенот Енис Барди вели дека Македонија нема да го потцени Лихтенштајн, бидејќи во денешно време нема фаворити, но целта е да се освојат три бода.

Деновиве добро се спремивме и сакаме да го продолжиме победничкиот менталитет. Свесни сме што ни значат овие квалификации. Во модерниот фудбал нема фаворити и мора тоа да си го врежеме во глава. Треба да дејствуваме како тим и само така можеме до три бода и до целта која си ја поставивме. Енергијата и желбата за победа сами ќе си дојдат, имаме квалитет кој може да ни донесе три бода. Нема да го потцениме противникот“, рече Барди.

Натпреварот помеѓу Лихтенштајн и Македонија утре стартува од 15 часот.

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мајами и Мемфис се последните учесници во плеј-офот во НБА (ВИДЕО)

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Вардар и Црвена Звезда играа за Кочани, полни трибини на хуманитарниот натпревар

Дејан Дејан

ФОТО: Легендите на Вардар и Црвена Звезда беа дел од хуманитарниот натпревар на Градски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе