Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за првиот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство против селекцијата на Лихтенштајн.
Предводникот на националниот тим Благоја Милевски нема да може да смета на повредените Милан Ристовски и Лирим Ќамили, а се уште е неизвесен настапот на Ашковски. Поради отсуството на двајца напаѓачи, селекторот се реши да го повика Давид Тошевски.
Македонските репрезентативци во Скопје ќе тренираат и утре пред заминувањето за Вадуц. Дуелот против Лихтенштајн се игра в сабота со почеток од 15 часот.
По враќањето нашите фудбалери ги очекува и мечот со Велс, кој е на програмата во вторник и ќе се игра на арената Тоше Проески и почнува во 20 часот и 45 минути.
ФОТО: Игор Паневски