Спорт Фудбал

Црвена Ѕвезда го потврди хуманитарниот натпревар со Вардар: Ова е најмалку што можеме да направиме за Македонија

Најтрофејниот македонски клуб Вардар и српскиот гигант Црвена Ѕвезда на 16-ти април во Скопје ќе одиграат хуманитарен натпревар за помош на семејствата на жртвите кои загинаа во трагичната несреќа во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани на 16-ти март.

„Црвено-црните“ уште синоќа објавија дека управите на двата клуба се договориле околу хуманитарниот натпревар, а денеска официјалната потврда дојде и од редовите на белградските „црвено-бели“.

Искрено сочувство до семејствата на настраданите, но и до цела Македонија изрази генералниот директор на ФК Црвена Ѕвезда, Звездан Терзиќ.

„Сите во Црвена Ѕвезда длабоко ги потресе несреќата што се случи во Кочани, Македонија. Веднаш ги контактиравме нашите играчки легенди од Скопје, Дарко Панчев и Илија Најдоски, а со нивна помош стапивме во контакт со раководството на Вардар и договоривме да гостуваме во Скопје на 16-ти април и да одиграме хуманитарен натпревар. Целиот приход од овој натпревар ќе оди за семејствата на настраданите во оваа страшна несреќа. Тоа е нешто што Црвена Ѕвезда најмалку може да го направи во овој момент за братската Македонија. 
Изразуваме искрено сочувство на сите семејства на настраданите, како и на сите граѓани на Македонија, со надеж дека со овој гест ќе покажеме колку оваа трагедија нè погоди и дека сме обединети  во болката со семејствата на загинатите“, изјави генералниот директор на Црвена Ѕвезда, Звездан Терзиќ. 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФФМ без милост за Воска: Драконска казна и суспензии за тренерот и претседателот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Првиот чекор кон финалето е направен, Алкалоид го совлада Рунар

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Работнички со пресврт до победа против Пелистер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе