Вести Економија Најважни

Министерот Николоски ја пријавил Бугарија во ЕУ затоа што не сака да ја гради пругата

Министерот за транспорт Николоски ја пријавил Бугарија кај европските институции и банки откако тамошната Влада одлучи да ги пренамени парите за железничкото поврзување со Македонија. Испратил писмо до европската делегација, но и до Европската инвестициска банка и до ЕБОР со кој е склучен договор  за кредит од над 300 милион евра за поврзување со источниот сосед.

 -Испратив писмо до Европската делегација и до Транспортната заедница, до ЕБОР и до ЕИБ дека Македонија има потпишано договор за кредит и треба да плаќа резервација ако не ги користи овие 350 милиони евра од договорот за кредит, а тие не би се користеле не заради нас туку поради друга држава и ги информиравме за оваа работа, изјави министерот за транспорт Александар Николоски.

Иако, Софија донесе ваква одлука, државата  ќе продолжи да гради. Во тек е втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка. Но, за реализација на третата треба да се постигне договор со источниот сосед со кој освен за овој проект сме во спрега и за други прашања. На ваквата одлука на Бугарија,  Николовски гледа како на политичка порака.

-Мислам дека јасно испраќаат политичка порака во однос на нивната посветеност, односно непосветеност на изградба на железничкиот Коридор 8 и исто така паѓа во вода целата пропаганда која што беше водена изминативе 7 месеци против Владата, првенство против премиерот Мицкски и против мене дека имаме нешто против Бугарија, додава Николоски.

Многу бргу по формирањето на новата Влада лани, Мицкоски кажа дека нема намера да инвестира во пруга која што завршува во слепа улица, на половина тунел и без иднина и дека парите треба да се пренаменат. Тогаш и министерката за финансии Кочоска  и експертската јавност се изјаснија дека тоа не може да се случи.

Дали ова сега е повратен удар од Бугарија поради ваквата изјава од пред неколку месеци Николоски само искоментира дека македонската страна цело време инсистира на договор, но дека другата страна нема проект и средства.

За третата фаза од железничко поврзување обезбедени се 560 милиони евра. 350 од  европските банки, грант од инвестициската рамка за западен Балкан од 150 милиони евра, а од ИПА 2 програмата над 60 милиони евра.

Бугарската влада одлучи привремено да ја стопира изградбата на пругата кон Македонија. Парите се пренасочуваат за да се завршат внатрешни домашни проекти односно поголем приоритет за нив од железничкото поврзување со Македонија за нив е пругата од Софија до Бургас.

Инаку, за пруга кон Бугарија со зборува со години.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Живот во Припјат ќе биде можен по 3.000 години – 39 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе