Вести Економија Македонија

Анализите на Фајнанс Тинк покажале дека замрзнување на маржите даваат краткорочен, но не ѝ долгорочен ефект

Фајнанс Тинк во повеќе наврати во 2021 година направила неколку анализи во делот на маржите и замрзнување на цените. Трансмисијата на цени од глобалните пазари на домашната економија функционира кога цените растат, но не функционира кога цените се намалуваат. Тоа според анализите бил прв индикатор дека нешто се случува внатре во економијата.

„Каде што мерејќи од каде доаѓа идентификувавме дека таквата трасмисија забавува и во делот на производителите и во делот на трговците, меѓутоа повеќе е кај делот на трговците. Во тој момент една од препораките беше тој закон за нефертрговски практики да биде што поскоро воведен. На таков начин беа воведени и замрзнувањето на цените“ изјави Благица Петрески – извршен директор на Фајнанс Тинк.

Според неа подоцна се правела и анализа за различните пакети на мерки вклчувајќи ги и овие форми на мерки кои би помогнале во делот на спасувањето на доход, истите помогнале.

„Пред еден месец направивме анализа во однос на какво било влијанието на замрзнување мерки и маржи во дел на инфлација. Резултатите покажаа дека даваат резултат, но само додека се во сила и следниот месец, меѓутоа потоа цените се враќаат повторно“ додаде Петрески.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Препораки од Институтот за јавно здравје за заштита од топлото време – носете лесна облека и пијте многу вода

Igor Trajkov

Александар и Мартина годинашни младенци на „Галичка свадба 2026“

Дејан Дејан

Марија Ангеловска ја доби наградата „Енхалон“, а Лју Јуе „In vino veritas“ на Струшките вечери на поезијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе