Uncategorized

Македонска претставничка на невладин сектор била задржана од српската полиција во Белград без објаснување и добила едногодишна забрана за влез во Србија

Извршната директорка на здружението за поддршка на лица со посебни потреби „Солем“, Искра Росо е македонската државјанка и претставничка на невладиниот сектор која била приведена од српската полиција и депортирана од Србија во Македонија. Во писмена изјава за МИА, таа посочува дека на 21 јануари годинава, за време на нејзиното учество на обука за стратегии за генерирање приходи за непрофитни организации која се одржала од 20 до 21 јануари во Белград, се соочила со неочекуван инцидент кога по враќање во хотелот била задржана од полицијата без јасно објаснување.

Росо подоцна дознала дека ѝ била издадена забрана за влез во Србија во траење од 12 месеци врз основа на законот за странци.

„Иако морам да напоменам дека полицијата во Белград се однесуваше крајно професионално. Веќе имам поднесено барање до министерството за надворешни работи во Скопје за добивање на информации за причините за издавање на забраната за влез, а воедно подготвувам процес за жалба на решението“, посочува Росо во изјава за МИА.

Балканските медиуми пишуваат дека ноќта помеѓу 21 и 22 јануари во Белград вкупно 13 странски државјани од Хрватска, од Словенија, од Словачка, од Македонија и други земји биле приведени, а потоа и депортирани од Србија без објаснување. Тие биле дел од Ерсте Академија за невладини организации, во организација на Ерсте фондацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и посвежо со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 10.7.2025

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Сопственик на погребален дом во САД чувал 200 распаднати тела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе