Вести Економија Македонија

„Фајнанс Тинк“: Земјоделството добива најголема државна помош, но резултатите не се добри и мора да има реформа

Три сектори во Македонија добиваат најголем дел од над двесте милиони евра државна помош, но резултатите не се задоволувачки и затоа системот на државна помош мора да претрпи извесни измени и реформи, покажува анализата на институтот „Фајнанс Тинк“.

Мрежа на економски тинк тенкови, периодов извршиле мапирање на државната помош во шесте држави во регионот. Се испитувале сумата, видовите на државна помош и кому се наменети. Во текот на истражувањето имало проблеми во делот на прибирањето податоци и транспарентноста.

Во Македонија, државната помош расте од година во година, две третини се наменети за земјоделието а остатокот за домашни компании и странски инвестиции. Гледано по држави доминира земјоделието но и сектори како туризам или енергетика.

Меѓутоа, резултатите од вложените пари мора да бидат подобри особено во делот на земјоделието и потребна е извесна реформа.

Кога станува збор за странските инвестиции и државната помош, истражувањето покажа дека државната помош не е клучна за привлекување, туку и пристап до работна сила, регулатива и предвидливост. Иако Владата најави дека моделот на субвенционирање на странски инвестиции засега не е познато што ќе биде различно.

Регионално работење и заедничко привлекување на странски инвестиции е едно од решенијата кои се предлагаат за подобри резултати и ефекти.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерството за финансии денеска исплати еврообврзница издадена во 2018 година во износ од 500 милиони евра

Дејан Дејан

Часови го делат Трамп од враќање во Белата куќа – уште првиот ден најави стотици извршни наредби

Дејан Дејан

За случаите со Бојан Христовски и Дрин Ахмети, обвинителството чека меѓународна правна помош – за Артан Груби истражуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе