Се чини дека политичкото его е многу голем проблем во Бугарија, потребна ни е редовна Влада, изјави лидерот на бугарската партија, ГЕРБ, Бојко Борисов, на денешните консултации со шефот на државата Румен Радев пред врачувањето мандат за формирање на владиниот кабинет.
Борисов посочи дека оваа недела првата политичка сила ќе направи „се што е можно за да ги убеди колегите“ за потребата од редовна влада.
„Ветивме дека ќе направиме напоири, ќе се потрудиме“, рече Бојко Борисов.
На прашањето на шефот на државата Румен Радев кога ГЕРБ-СДС очекува да го добие првиот мандат, Борисов одговори: „Оваа недела е за консултации. Од понеделник натаму, ако ви дозволува распоредот, можеме да одиме на прв термин. Ако не се согласуваме оваа недела, нема да се разбираме следната“.