Вести Економија Топ вести

Банките ги добиле условите – ќе почне ли, конечно, пласманот на унгарските пари кај фирмите

Банките ги добиле на писмено условите под кои треба да се пласираат унгарските пари кај фирмите, велат од банкарскиот сектор. Во документот всушност се наведени сите оние работи кои ги зборуваше премиерот Мицксоки на настаните и кои од пред неколку дена се ставени на сајтот на Влада. Тука се споменува максимален износ за кои може да се аплицира, рокот на отплата, надоместокот за банките и за што се треба да бидат наменет парите. Тоа се неколкуте точки од кои се состои документот со условите за банкарите.

Според информациите, сега следно е потпис на договор да стават Министерството за финансии и Развојната банка, а потоа банката ќе достави предлог – договори до комерцијалните банки за да ги потпишат, по што ќе може да почне процесот на пласман, а фирмите кои сакаат да аплицираат за парите.

Остана неодговорено кои банки пројавиле интерес да работат со унгарските пари. Премиерот Мицкоски пред неколку дена рече дека најголем дел од нив се сложиле да учествуваат во просецот, без да открие кој се. Само кажа дека се неколку поголеми и помали банки. Но, со надеж дека сите ќе бидат дел од процесот. Па останува да се види дали до пласманот на парите кај фирмите ќе учествуваат сите банки или само неколку.

Инаку, договор е за кредитот фирмата да плаќа кон банката т.н камата  од 1,95 отсто, односно толку е надоместокот за покривање на кредитниот ризик на банката. Тие средства остануваат кај банкарите. Процентот од 3,25, кој долго време се споменуваше во јавноста како камата која ќе треба да ја плаќаат фирмите за овие кредити, повеќе не важи.

Поради тоа, каматата од 3,25 отсто кон Унгарија ќе се враќа со пари од буџетот. Ова практично значи дека и граѓаните ќе го покриваат заемот од Унгарија кој владата всушност го подигна за компаниите, а фирмите нема да учествуваат во враќањето на овие пари. Тоа всушност значи дека државата ја субвенционира каматата на стопанството.

Од банкарскиот сектор во неколку наврати посочија дека ќе бидат многу внимателни при пласманот на парите во стопанството.

Инаку, од 500 милиони од Унгарија, 250 милиони евра се за стопанството, останатите за општините.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Патријархот на СПЦ, Порфириј во понеделник во Скопје по повод националниот празник на Србите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе