Вести Македонија Топ вести

(ФОТО) Тројца се заглавени кај Никифорово, роднините бараат помош

Тројца мажи се заглавени во снегот во близина на мавровското село Никифорово, а сопругата на еден од нив бара итна помош за да бидат извлечени.

Таа во изјава за Телма вели дека повеќе од два часа се заглавени во месноста Црн Камен веднаш на излез од Никифорово.

-Со пријателите тргнал да се враќа во Скопје откако со машина бил исчистен патот. Но, веднаш по излезот од селото се заглавиле во снегот. Стојат во снег, телефоните им се при крај и чекаат помош. На автомобилот има и синџири. Тргнале кога имаше известувње дека патот е прооден, но веднаш заглавиле. Сега се во автомобил и студено е. Се обидуваат да ја буткаат колата, но не успеваат. На овој начин сакам да апелирам за да им се помогне. Веќе ги известив и ЦУК и Македонија Пат, но тие се уште се заглвени, ни рече во телефонски разговор, сопругата на еден од заглавените кај Никифорово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојкот на маркетите во Хрватска

Дејан Дејан

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе