Вести Економија Топ вести

Се чека новата цена на струјата за домаќинствата- тендерот на ЕВН ХОУМ во тек

Се чека новата цена на струјата за домаќинствата. ЕСМ денеска  на тендерот на Универзалниот снабдувач, треба да ја достави понудата по колку ќе ја продава својата струја на ЕВН ХОУМ. Сега мегават од електрани чини 60 евра.  Од оваа цена најмногу зависи какви сметки ќе имаат граѓаните од први јануари. Претходно премиерот Мицкоски неколку пати повтори дека големи промени нема да има, ако дојде до поскапување тоа ќе биде до 3 отсто. А цената од ЕСМ ќе се движи помеѓу 58 и 62 евра.

И Електродистрибуција вчера на тендер обезбеди струја за покривање на своите загуби исто од ЕСМ. Електрани ќе им ја продаваат електричната енергија по 100 евра за мегават час, што значи дека просечната цена за загубите во системот ќе биде како и до сега. На овој тендер освен електрани се пријавил и трговецот СОЛЕ-24 компанија чие име е познато по тоа што ЕСМ, многу пати има купено струја од нив.

Овој параметар пак влегува во одлуката за цената на преносот и дистрибуцијата која треба да ја донесе Регулаторната комисија за енергетика. Тука се пресметуваат и барањата на МЕПСО и на МЕМО.

Во меѓувреме ЕСМ објави повик со кој бара да купи над 100 илјади мегават часови за да ги покрие потребите за декември. Овој пат количините кои се бараат  не се за две недели како што се правеа со претходните набавки, туку за целиот месец.

Вкупно на тендерите за набавка на струја од септември заклучно со ноември ЕСМ плати речиси 20 милиони евра.

Новата цена на струјата треба да се донесе до крајот на годинава, а да важи од први јануари.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Голем пожар се шири на хрватскиот остров Вис

Дејан Дејан

Блокиран e главниот приод кон аеродрoмот поради сообраќајна несреќа

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе