Саем на вино, средби на лидери и говори во кој најчесто се потенцира важноста на „Open Balkan“. Ова е она по што всушност се препознава оваа иницијатива.
Годинава винскиот саем ќе собере над 600 излагачи од 35 земји, но и лидерите од регионот.
И овој пат повторно во обраќањата не изостанаа речениците за важноста на овој саем и можноста за добра соработка.
Премиерот на Албанија Рама не дојде, но имаше видео обраќање.
Полесно проаѓање на граничните премини, ова е она што граѓаните најмногу го очекуваа од „Open Balkan“. Но во пракса состојбата не изгледа така. Особено во летните месеци, кога може да се забележат гужви и колони возила од по неколку километри. Па од тука се поставува прашањето дали од „Open Balkan“ остана само виснкиот саем?
Ова е трет саем на вино во рамките на иницијативата „Open Balkan“. Засега во оваа иницијатива се вклучени само Македонија, Албанија и Србија, но се чека Црна Гора и Босна и Херцеговина да се изјаснат дали ќе бидат дел од нејзе.
Ирена Чачкова
