Вести Економија Топ вести

Пресметка на ССМ: Вредноста на синдикалната минимална кошничка за ноември е 62.021 денари, со плаќање кирија – 77.396 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница (СМК) за месец ноември 2024 година изнесува 62.021 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец ноември изнесува 77.396 денари.

Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година која изнесува 61.249 денари е зголемена за 772,00 денари.

„Од податоците на вредноста на Синдикалната минимална кошница евидентно е дека некој се богати на грбот на граѓаните и работниците, а не ги почитува мерките на Владата кои се креираат за да се помогне на граѓаните со ниски примања“, велат од ССМ.

Трговците, како што се посочува во соопштението од ССМ, покажуваат дека немаат општествена одговорност ниту почит кон Владата, ако имаме во предвид дека вредноста на Синдикалната минимална кошница во делот за храна и пијалоци, ден по завршување на мерката на Владата повторно е зголемен за 609 денари, а вкупната Синдикална минимална кошница за 772 денари и истата е со вредност 62.021,00 денари.

„Трговците ја искористија најавата за претходната мерка од Владата и ги зголемија неоправдано цените во месец септември со што вредноста на делот за храна и пијалоци се зголеми за 717 денари, со мерката имаше намалување од 965 денари, а денеска повторно зголемување од 609 денари со што се осиромашуваат работниците и граѓаните“, велат од ССМ.

Оттаму посочуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошничка за ноември 2024 година која изнесува 62.021 денари, споредена со Синдикалната минимална кошница од јануари 2024 година (57.163) е зголемена за 4.858 денари, односно за 8,5 отсто. Додека кај храната и пијалоци СМК за ноември изнесува 22.678 денари споредена со јануари 2024 година (21.007 денари) зголемена е за 1.671 денари, односно за 7,9 отсто.

Од ССМ велат дека разговараат со Министерството за економија и труд по однос на креирањето на идните мерки но потребно е трговците или да покажат општествена одговорност или Владата при креирањето на новите мерки да биде ригорозна во постапувањето на ваквите нефер трговски практики и да казнува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе