Вести Економија

ЕВН Хоум и Електродистрибуција одложија тендери за крајот на месецот

ЕВН Хоум, од технички причини и на барање на понудувачите, го одложи за 28 ноември тендерот на кој треба да биде доставена понуда за цената со која ќе го снабдуваат универзалниот снабдувач по 1 декември.

За 27 ноември е одложен и тендерот на Електродистрибуција за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во системот. Досега, понуда на тендерот на ЕВН Хоум доставуваше државната компанија АД ЕСМ. Од тоа каква цена ќе понудат и колку од потребите ќе задоволат, најмногу зависи какви сметки ќе имаат потрошувачите по 1 јануари.

Моментално ЕСМ задоволува 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум по цена од 60 евра за мегават час. Се очекуваше денеска државната енергетска компанија да достави понуда на тендерите на ЕВН Хоум и Електродистрибуција. Премиерот Христијан Мицкоски пред некој ден изјави дека доколку има зголемување на цената на струјата, тоа ќе биде минимално од еден од три проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 3 степени во Тетово и Гостивар

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе