Вести Свет Топ вести

Марко Рубио ќе биде нов државен секретар на САД – Трамп номинира наследник на Блинкен

Марко Рубио, републикански сенатор од Флорида, е номиниран за нов државен секретар на САД, објави новиот американски претседател Доналд Трамп.

„Чести ми е да објавам дека го номинирам сенаторот Марко Рубио за нов сдржавен секретар на САД. Марко е почитуван лидер и силен заговорник за слобода. Ќе биде добар застапувач на нашата земја, искрен пријател на нашите сојузници и борец кој никогаш нема да отстапи пред нашите непријатели“, наведе Трамп во соопштението.

Рубио на платформата Икс напиша дека е „голема одговорност да се води Стејт департментот и оти е почестен од укажаната доверба на Трамп“.

„Скеојдневно ќе работам на спроведување на неговата надворешно-политичка агенда. Под водство на претседателот Трамп ќе донесеме мир преку сила, а интересите на Америка ќе бидат секогаш над сè“, напиша Рубио на Икс.

Марко Рубио ја застапува Флорида од 2010 година и моментно го извршува третиот мандат. Роден е во 1971 година во Мајами и син е на кубански имигранти. Пред да стане сенатор, Рубио беше член на градската влада на Мајами, а потоа претседаваше и со долниот дом на парламентот на Флорида.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски прифати примирје и предложи тоа да се продолжи и по Велигден

Дејан Дејан

Ахмети: Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки

Дејан Дејан

Арагчи: Преговорите со САД напредуваат добро, договорени нови средби следната недела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе