Вести Економија Македонија Најважни

До речиси 80 отсто поскапување на услугата бараат енергетските компании – се крои нова цена на струјата

Од 50 до речиси 80 отсто зголемување на цената на својата услуга бараат дел од енергетските компании. Тие неодамна ги доставија своите пресметки до регулаторите.

Според, податоците до кој дојде Телма, МEMO бара нивната услуга да поскапи за 78,58 проценти, но добро е што тие во крајната цена учествуваат со најмал процент. МЕПСО пак бара зголемување од над 50 отсто.

И Електродистрибуција доставиле пресметки, но без конкрено барање како кај претходните две компании. Кај нив појасна слика за нивната услуга ќе има откако ќе заврши тендерот на кој треба да се достават понуди со цени за струјата за покривање на нивните загуби.

Останува да се види што од овие барања ќе прифатат регулаторите. Но, каква ќе биде новата цена на струјата најмногу зависи од тоа по која цена ЕСМ ќе ја продава својата електрична енергија за домаќинствта на ЕВН ХОУМ. Мегават сега чини 60 евра.

Премиерот Мицкоски пак не очекува од јанаури да има поскапување на електричната енергија. Состојбата во ЕСМ веќе извесен период не е најдобра. За да можат да работат, компанијата договори кредит од домашните банки во износ од над 80 милиони евра. Од буџетот пари за електрани не се планираат, па се отвора прашањето дали со средствата од домашниот пазар, ЕСМ ќе успее да ја подобри работата.

Се уште е неизвесно и дали домаќинствата ќе добијат уште еден час плус дневна евтина струја. Од намерата регуалаторите не се откажуваат, но се следи пазарот. Проблем за да се зголеми периодот настана откако цената на електричната енергија во земјите од Југоисточна Европа драстично се зголеми во однос на онаа во другите држави од ЕУ.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 3 степени во Тетово и Гостивар

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе