Одбојка Спорт

Јовановски останува прв човек на македонската одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија, попладнево во хотелот „Александар Палас“ во Скопје одржа Редовно Изборно Собрание на кое Петар Јовановски е реизбран за прв човек на македонската одбојка.

Јовановски ќе го предводи Извршниот одбор составен од, Ивица Хаџииљоски – потпретседател, Владо Милев – потпретседател и Хабил Ајети – потпретседател, како и членовите Кирил Калеников, Зоран Карановиќ и Никола Мицевски.

Одбојкарската федерација на Македонија во иднина ќе има нов генерален секретар, а тоа е поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец Филип Деспотовски, додека функцијата комесар за натпреварување и понатаму ќе ја извршува Сања Никчевиќ.

На Собранието новиот Извршен одбор и претседателот Јовановски како главни цели во иднина ги издвоија пласманот на машката сениорска репрезентација на ЦЕВ Европското првенство 2026, со што ќе се задржи континуитет во настапите на континенталните собири, а во фокусот останува и работата со женскиот сениорски национален тим.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе