Поради намалена потрошувачка на струја пораснале загубите во МЕПСО. Ова е објаснувањето од компанијата, по објавата на извештајот на финансии од кој може да се види дека преносниот систем вториот квартал годинава, односно во месеците април, мај и јуни прокнижил загуба од речиси 2 милиони евра што е за 1, 8 милиони евра повеќе од првиот квартал.
Во одговорот стои дека во овој период низ мрежата на МЕПСО биле пренесени над 600 гигават часови помалку од претходно.
Вообичаено е во текот на пролетта, а особено за време на летото, да се врши пренос на помали количини електрична енергија низ мрежата на МЕПСО бидејќи и потрошувачката на електрична енергија во дистрибутивната мрежа е пониска во споредба со другите квартали. Потенцираме дека минусното салдо во првото полугодие од годинава, не ја загрозува ликвидноста на компанијата, се вели во одговорот од МЕПСО.
Според, домашните познавачи најверојатно на ваквата состојба во МЕПСО влијаат и инвестициите во обновливи извори, особено во фотоволтаици. Со тоа се намалил увозот на струја кој се врши преку мрежата на МЕПСО за кој компанијата наплаќа и надоместок.
Грција многу произведува електрична енергија од обновливи извори основата и е во сончеви колектори така што во временските периоди кои што се поклопуваат со производството на струја од сончевите колектори они ќе имаат вишок на струја и во тие месеци од ома што знаеме домаќинства, индустрија намалиле потрошувачка на струја нивното стопанство произвело, вели за Телма, Константин Димитров од МАЦЕВ.
Од листата на финансии може да се види дека во вториот квартал загубата на МЕПСО е поголема и од онаа на МЖ Транспорт, компанија која важи за една најпроблематичните со сериозни финансиски проблеми и големи долгови.
Со загуба од 27 милиони евра на прво место на списокот од финансии се најде ЕСМ.
Периодов енергетскиот сектор се соочи и со значително повисоки цени на струјата на берзите во земјите од Југоисточна Европа во однос на оние во останатите држави во Европа. Зошто е тоа така, регулаторна се уште чека одговор од енергетската заедница.
Ирена Чачкова
