Вести Македонија Најважни

Бугарија го одби предлогот на Орбан да посредува во решавање на отворените прашања со Македонија

„Европскиот договор со Република Северна Македонија е јасен. На Бугарија не и требаат посредници во овој процес“ ова го изјавил министерот за надворешни работи на Бугарија Иван Кондов за bgnes.bg

Оваа изјава доаѓа откако премерот на Унгарија Виктор Орбан за време на денешната тет а тет средба со Христијан Мицкоски му дал предлог Унгарија да биде посредник во решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Што содржи конкретно предлогот од Унгарија не откри ниту Мицкоски, кој за тоа кои се идните чекори на Македонија за европскиот пат на земјава, по одлуката на ЕУ за разделување на пристапниот пат на Македонија и на Албанија рече дека земјава е жртва на билатерализација на процесот.

Орбан му понуди на Мицкоски, Унгарија да посредува во решавање на спорот со Бугарија

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе