Законот за нефер трговски практики и мерките кои владата ги презема за зауздување на растот на цените, беа под лупа во вечерашната Топ Тема на Телма. Пратеничакта од СДСМ, Сања Лукаревска ја критикуваше владата дека овие нејзини мерки се ненавремени и дополнително, од нив нема никаков резултат.
Пред се имавме една ненавремена реакција, легитимно е тоа што го зборуваме, се потврди дека нема намалување на цените. Од друга страна следиме дека се прават соодветни контроли, не знам дали колегата ги следи реакциите на социјалните мрежи, или некаде има минимално намалување на цената или нема никакви промени. Интересот е на граѓаните, никогаш на трговците, треба издржани мерки, рече Лукаревска.
Таа оценува дека е потребен институционален пристап и најави дека СДСМ подготвува повеќе законски решенија чија цел е подобрување на стандардот на граѓаните.
Сметам дека треба да има еден координиран пристап и соодветни пакети за различни целни групи, затоа што 73 или 76 производи да се намалат мислам дека е недоволно. Ние во септември 2023 500 производи имавме земено во рамка на намалување на цените во 25 категории, така да разликата нека ја ценат граѓаните, рече Лукаревска.
Стојаноски негираше дека станува збор за само 71 производи, инсистирајќи дека се 73 категории со вкупно околу 800 производи. И тој е согласен дека за спречување на неконтролираниот раст на цените е потребен координиран институционален пристап.
Овде треба, како што кажа и Лукаревска, координиран системски пристап за да нема повластени, туку да се казнуваат сите кои што ова не го почитуваат. Вие бевте апсолутно во право, навистина е безобразно да има по 100 до 150 проценти маржа на одредени производи, коишто граѓаните ги плаќаат а никој не ги санкционира трговците, добавувачите итн. На 29 септември ќе стапи на сила Законот за нефер трговски практики, каде што 26 практики ќе бидат санкционирани, и министерот за економија има утврдено листа на 2.600 производи, каде што рабатот ќе биде ограничен на 10 проценти. Паралелно со тоа, овие 73 категории, тоа се отприлика 800 производи кои што доаѓаат под овој оквир, кои што ќе бидат со ограничена бруто маржа, ќе донесе олеснување на граѓаните кое што ќе биде соодветно.
