Вести Економија

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен

Политиките и макропрудентните мерки коишто ги носи Народната банка за одржување на финансиската стабилност придонесуваат земјава да одржува стабилен банкарскиот сектор.

Ова беше посочено на средбата којашто се одржа помеѓу гувернерката на Народната банка и Хесус Сарина Салас, член на Единствениот одбор за решавање банки, институција при Европската банкарска унија чија цел е навремено справување со проблемите во работењето на банки, а со тоа и обезбедување финансиска стабилност.

На средбата беше истакнато дека банкарскиот сектор кај нас е регулиран во согласност со највисоките стандарди во ЕУ, а тоа го покажуваат и оценките на Европската комисија за високата усогласеност на банкарската регулатива и супервизорската рамка со стандардите во ЕУ.

Солвентноста на банкарскиот систем бележи подобрување, а стапката на адекватност на капиталот достигна ниво од 19% на крајот на првото полугодие од 2024 година, коешто е највисоко од 2006 година наваму.

Повисоките показатели за солвентноста во голема мера произлегуваат од повисоките регулаторни и супервизорски барања во врска со капиталот на банките, што пред сѐ е поврзано со заштитните слоеви на капиталот и капиталниот додаток утврден врз основа на супервизорска оцена.

Имајќи предвид дека Народната банка во неколку наврати ги зголеми барањата за капитал во врска со противцикличниот заштитен слој на капиталот, коишто ќе започнат со примена во наредниот период, се очекува дека солвентноста на банкарскиот систем и натаму ќе се подобрува.

На средбата стана збор и за Законот за решавање банки, со кој на Народната банка ѝ се доверува вршење активности за справување со проблемите во работењето на банки, односно подготвителни активности, започнување на постапката на справување со проблемите во работењето на банки и примена на инструментите и овластувањата за справување со проблемите во работењето на банка.

Во тек е изработка на подзаконската регулатива за примена на Законот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбележана 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од егејскиот дел на Македонија – споменикот во Скопје вандализиран

Дејан Дејан

Уапсен маж осомничен за убиство на поранешната сопруга – уште еден фемицид во црните статистики

Дејан Дејан

Отчет на ВРЕДИ критики од ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе