Доскорешниот градоначалник, а сега Министер за здравство Таравари вели дека Комуналец Гостивар нема долг од 100 милиони евра како што стои во извештајот на Министерството за финансии. Со оваа сума претпријатието го освој врвот на список. Станува збор за извештај во кои се евидентирани доспеаните, а неплатени обврски заклучно со јуни годинава од државните, јавни претпријатија, општините. Таравари тврди дека долгот на Комуналец Гостивар е помал и е наследен од претходно.
-Долгот на Комуналец Гостивар е околу 7 или 8 милиони евра не повеќе и тоа се долгови кои се наследени од пред да станам јас градоначалник, вели Арбен Таравари, министер за здравство и поранешен градоначалник на Гостивар
Демант до Телма испратија и од Министерството за правда. Оваа институција според листата заклучно со јуни имала доспеани, а неплатени обврски од околу 6 милиони евра. Од министерството во демантот појансуваат дека станува збор за редовно финансирање на политички партии за 2023 година и парите на 4 јули биле исплатени.
Инаку, на последната листа од Министерството за финансии со доспеани, а неплатени обврски заклучно со јуни се најдоа Општини, Министерства, училишта, јавни претпријатија, клиники.
По подолг период железница не е на врвот, но повторно е во првата петорка. Тука се и трите фирми на ЕСМ за парно греење – дистрибуција, снабдување производство.
Долговите се по повеќе основи. Оваа листа Министерството за финансии ја објавува со години, а извештаите се квартални.
Ирена Чачкова
