Вести Економија Топ вести

Менаџерските договори на Управниот одбор во ТЕЦ Неготино ,,под лупа” на Aнтикорупциска

Антикорупционерите ќе ги проверуваат  менаџерските договори на поранешните членови на Управниот одбор на ТЕЦ Неготино кои со спојувањето на централата кон ЕСМ добиваат нова работна позиција во електрани со висока плата, но и надоместок затоа што повеќе не се дел од одборот. За ова, Комисијата пред извесен период добила жалба од лице во која се наведува дека има кршење на законите. Антикорупционерите сега чекаат да ги добијат договорите и целата документација која ја побарале за да  утврдат што точно се случувало  и дали има злоупотреби.

 -Подносителот ги пријавува поранешните лица од УО на ТЕЦ Неготино а сега носители на директорски позиции во АД ЕСМ. Наводите се однесуваат на повеќе основи. Имено со спојување на АД ЕСМ и ТЕЦ Неготино поранешните членови на УО по завршување на функцијата како членови на одборот останале во работен однос во ЕСМ што подносителот укажува дека е незаконски затоа што во  трговските друштва во државна сопственост се вработува преку јавен оглас. Е наведено и дека врз основа на претходни менаџерските  договори им е овозможено дали ќе останат со работа во АД ЕСМ или пак на старите работни места од каде што доаѓаат пред изборот. Во претставата има наводи дека лицата кои останале со работа во АД ЕСМ освен плата од редовен работен однос имаат земено и надоместок во вид на отпремнина за престанок на менаџерскиот договор, вели за Телма, Татјана Димитровска, претседател на Државна комисија за спречување на корупција

Според, информациите до кои дојде Телма со спојувањето на ТЕЦ Неготино кон ЕСМ, оние лица кои преминуваат да работата во електрани се со добри плати. А надоместокот кој го добиваат затоа што повеќе не се членови на УО во Неготино изнесува над 1.000 евра. Парите можат да ги добијат или одеднаш или пак месечно во период од една година.

За ова добивме потврда и од ТЕЦ Неготино. Велат дека ништо не е незаконско. Се почитувале договори кои постојат со години.

Од ЕСМ пак се уште чекаме  одговор,  на кои позиции се вработени овие лица и дали тие сметаат дека договорите кои ги поседуваат се неетички.

Синдикатите пак велат дека е крајно време некој да направи ревизија на менаџерските договори по институциите за да се намали финансискиот товар на овие друштва.

Оваа привилегија ја добиваат членови на Управни одбори во централа која не работи и се чува како ладна резерва затоа што цената на струјата од таму е повисока и од берзанските. Беше вклучена кусо за време на енергетската криза, а претходно 12 години не беше во функција.

Претходно доста се пишуваше и за спорни набавки на мазут за оваа централа.

Антикорупциска отвори и предмет во кој откри сомнителни зделки поради што достави и иницијатива до обвинителството.

ТЕЦ Неготино е централа која е изградена и со работа почнала пред повеќе од 40 години. Со спојувањето кон ЕСМ се очекува поефикасно да се искористи. Но со оглед дека неговата цена е превисока се отвара прашањето како тоа ќе се постигне.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе