Вести Спорт Тенис Топ вести

Новак Ѓоковиќ стана олимписки шампион и ја испиша историјата

Новак Ѓоковиќ на 37-годишна возраст успеа да го оствари тоа што на ниту еден тенисер не му успеало во историјата на спортот.

Во финалето на Олимпискиот турнир во Париз го совлада помладиот ривал Карлос Алкараз со 2:0 (7:6, 7:6) и го освои единствениот голем трофеј кој му недостасуваше. Со тоа ги има освоено сите 14 големи турнири најмалку по еднаш (Олимпијада, Гренд слем и Мастерс 1000 турнири ) во кариерата.

Покрај тоа го исполни и сонот за златен грен слем кој последен го имаше остварено Рафаел Надал (најмалку по еден трофеј од Олимпијада и 4-те гренд слем турнири, Вимблдон, Ролан Гарос, Австралија Опен и US Опен).

По долга и изедначена битка, Ѓоковиќ за нијанси беше подобар, но во клучните моменти на мечот покажа непогрешлива брилијантност на што 21-годишниот Алкарас не можеше да одговори.

Ова е 5-та олимпијада на Ѓоковиќ и првпат стигнува до финале. Ѓоковиќ во сите параметри ги надвиси своите ривали Федерер и Надал (кого го победи во второто коло на олимпискиот турнир на омилениот терен на Шпанецот во Ролан Гарос).

Ѓоковиќ има вкупно 99 титули, од нив 24 се на гренд слем турнирите, а 40 од мастерс серијата. Има најдобар процент  на победи во однос на порази, а на првото место на АТП листата исто така го држи рекордот по број на недели. Дополнително, 8 пати бил прв на АТП листата на крај на годината. Има позитивен скор против најголемите ривали од ерата на големата четворка, во која покрај него, Надал и Федерер се наоѓа и Енди Мареј.

Олимпиското злато му беше единствениот трофеј кој му недостасуваше, а со неговото злато Србија на Олимпијадата во Париз досега има две медали и тоа златни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Olympic Games (@olympics)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регулаторна добила убедување од ЕСМ дека наскоро ќе завршат работите на новиот топловод под мостот Беласица

Дејан Дејан

Раст на криминалните банди во Данска, регрутираат членови преку социјалните медиуми

Дејан Дејан

Стотици занаетчии од полошкиот регион поради сивата економија мака мачат со егзистенцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе