Вести Македонија

Петровска во Тетово на сопартијците им потврдила дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ

Досегашната министерка за одбрана Славјанка Петровска потврди и официјално дека ќе биде кандидат за нов партиски претседател на СДСМ. Таа ја официјализирала кандидатурата пред сопартијците во Тетово, во 6-тата изборна единица, каде што таа беше кандидат и стана пратеник.

-Се уште не е почната постапката за кандидирање, но денес имав средба со кандидатите за пратеници на СДСМ за ИЕ 6 и општинските штабови и им потврдив дека ќе се кандидирам за Претседател на СДСМ, затоа што во сериозни и предизвикувачки времиња како сега потребна е решителност и носење одлуки. Изминатите години сите одговорни задачи кои ми беа доверувани ги извршував одговорно и посветено и сум подготвена да го превземам товарот кој го носи потребата од реформа на СДСМ, единство и фокус на идеологијата. На СДСМ му треба силно, мотивирано и обединето членство, а на Македонија и треба силен СДСМ, ни одговори Петровска во пишана изјава.

Петровска од вчера е пратеник и потврди дека веќе не е во министерството за одбрана. Службениот автомобил е вратен, а по полициско-безбедносна проценка, таа и понатаму ќе има обезбедување.

По поразот на изборите (СДСМ со коалицијата освои само 18 мандати), Ковачевски поднесе оставка, а партиските органи го закажаа конгресот за избор на нов претседател за крајот на јуни.

Освен Петровска, аспирации за партиско лидератво искажаа и Јован Деспотовски, Стефан Богоев, а се спомнува и името на поранешниот министер за здравство Венко Филипче како можен кандидат за нов претседател на СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски прифати примирје и предложи тоа да се продолжи и по Велигден

Дејан Дејан

Ахмети: Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки

Дејан Дејан

Арагчи: Преговорите со САД напредуваат добро, договорени нови средби следната недела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе