Вести Македонија Најважни

Доживотен затвор за 60-годишниот кочанчанец кој со повеќе од 40 убоди со нож уби жена

Доживотен затвор доби обвинетиот Усаин Рашидов за убиството на 46 годишната Танкица Маладеновска од Кочани. Тој признал вина пред судот за свирепото убиство, кое се случи лани на 25 септември, рано наутро околу 6:15 часот. Маладеновска беше над 40 пати избодена со нож пред нејзината куќа додека се подготвувала да оди на работа. На убиството и претходела расправија со сега осудениот.

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор, се вели во пресудата на основниот суд во кочани.

Пресудата ја донесе судијата Спиро Борисов.

ОЈО Кочани поднесе обвинителен акт, согласно 123 став, точка 1 и точка 2а во врска со став 1 од Кривичниот законик и донесена е пресуда која јавно е објавена на 17 март 2024 година и за ова кривично дело на обвинетиот му изрече казна доживотен затвор, стои во пресудата на основниот суд во кочани.

Маладеновска пред убиството пријавила уцена во полицијата и во јавното обвинителство во Кочани. Но, додека се постапувало по пријавата таа е убиена. За евентуалните уцени сега се води посебен процес, а Усеин за разлика од убиството не го признал ова дело.

Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка, соопштија од ојо.

За прв пат на пресуда во земјава за свирепо убиство се додава дека е извршено при родово базирано насилство. Убиството тогаш предизвика многу реакции во јавноста, а невладините организации побараа сега осудениот да се гони и согласно член 123, став 2а, односно- друг ќе лиши од живот жена или девојче до 18 години, при вршење на родово-базирано насилство’.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Двајцата претседателски кандидати со различни ставови за употребата на името и преговорите за членство во ЕУ

Дејан Дејан

Пендаровски: Партиските договарања не придонесуваат за демократијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе