Вести Економија Македонија Топ вести

Фирма од семејството на грчки Митилинеос, за 26 милиони евра ќе испорачува јаглен во РЕК Битола

Фирма на грчкиот гигант Митилинеос за кои изминатиот период имаше низа реакции во јавноста  ќе испорачува  јаглен за потребите ан РЕК Битола. Во одговорот од ЕСМ стои дека со две компании е склучен рамковен договор за да ја вршат оваа работа за големиот енергетски комбинат.

Едната од нив е Протергија Енерџи ДООЕЛ Скопје.

По податоците на бизнис мрежа може да се види дека станува збор за фирма која е во сопственост на грчката  Протергија, која пак е фирма ќерка на Митилинеос.

Со Протергија е склучен договор за 500 илјади тони јаглен, во вкупна вредност од 26, 5 милиони евра без пресметан ДДВ.

Другата компанија е веќе познатата , Никопулос која според податоците исто така има грчки газди.

КOД веќе објави дека фирмата била формирана само два месеци ,  пред објавување на претходниот повик за јаглен.

Според, истржувањата на КОД нејзин сопственик е Евганелос Ницоуполос од Флорина.

Со оваа фирма е склучен договор за близу 200 илјади тони јаглен во вредност од речиси 12 милиони евра исто без  ДДВ. Претходно оваа компанија имала договор за  160 илјади тони јаглен тежок 11 милиони евра.

Ова се првите количини од повикот со кој се бараат  околу 1, 4 милиони тони јаглен. Повикот е се уште отворен се до исполнување на условите за предвидените количини. Од ЕСМ појаснуваат дека секој економски оператор може да достави своја понуда.

Инаку, изминатиот период Митилинеос беше во фокусот на експертската јавност. Компанијата има статус на стратешки инвеститор и треба да гради централа во Железара.  Но, законите за стратешките инвестиции се заглавени во Собранието.

Претходно дел од експертите зборуваа дека според договорите и законите  Митилинеос и другите стратешки инвеститори ќе добијат низа поволности  на сметка на штета која ќе ја претрпи државата.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе