Вести Економија Топ вести

Вработените во „Еуроникел“ недела на средба со новите сопственици – турскиот конзорциум „Јилдирм“

Над седумстотини работници во комбинатот „Еуроникел“ кој отиде под стечај може да ги задржат работните места бидејќи доби нов сопственик конзорциумот „Јилдирим“ од Турција кој преку нивната компанија „Полиникел холдинг“ од Холандија го купи од „Комерцијална банка“ за сума од 40 милиони евра. Станува збор за конзорциум од 56 компании со над 25 илјади вработени чија примарна дејност е металургијата. Претставниците на синдикатот до крајот на неделава ќе имаат официјална средба со новиот менаџмент на која очекуваат прецизни информации.

Официјален состанок, ние како Синдикат очекуваме или утре или во тек на неделата. Да се претставиме на новиот менаџмент и да им кажеме дека ние како Синдикат, без нас нема да може да работата бидејќи човечкиот ресурс е многу битен за секоја компанија а особено за овој комбинат во кој работат 740 вработени. Од неофицијални разговори, од нивна страна било кажано дека сакаат сите вработени кои биле ангажирани во минатиот период да останат во Комбинатот, изјави Игор Герасов претседател на Синдикатот СИЕР

Следната недела во судот во Кавадарци ќе се одржи првото рочиште во рамките на стечајната постапка а долгот кон вработените е 2,1 милион евра.

Сите податоци се објавени во Основниот суд во Кавадарци. Не можеме со сигурност да кажеме дали претходната компанија има средства да ги наплатиме нашите побарување. Вработени и нашите членови ни кажаа дека бившата компанија „Еуроникел“ има легура која се одржува во печка и репроматеријали кои се надеваме дека новите сопственици ќе ги откупат и со тие пари ќе ги наплатите нашите плати и придонеси за следните четири месеци, рече Герасов.

„Еуроникел“ престана со производство кон крајот на октомври минатата година а вработените преку синдикатот издејствуваа печката да не се изгаси и со тоа да пропадне можноста комбинатот да добие нов сопственик.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР: Изборниот ден тече мирно со регистрирани помали инциденти

Дејан Дејан

ОБСЕ: Изборите ги набљудуваме, а оценката ќе ја соопштиме утре

Дејан Дејан

Мирен изборен ден во Центар и Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе