Вести Економија Топ вести

Уште едно покачување оваа година, минималната плата да биде 450 евра – синдикатите со барање до идната влада

До крајот на годинава да има уште едно зголемување на минималната плата, бараат синдикатите. Мартовскиот скок на минималецот на 22.500 денари велат дека не е доволен и бараат идната Влада во првите 100 дена да направи уште една корекција и со тоа минималната плата да достигне износ од 450 евра, колку што е во некои земји од регионот. Ова го соопштија синдикатите пред стартот на состанокот на економско-социјалниот совет, на кој присуствуваат и претставници од Владата и од организацијата на работодавачи.

Одлуката за новото зголемување на минималната плата сè уште не е влезена во „Службен весник“. Од ССМ очекуваат тоа да се случи најдоцна до понеделник, а по објавата вработените во јавниот сектор на мартовската плата да добијат плус 2.400 денари. Од ССМ уште еднаш предупредија – ако некој се обиде да ги изигра овие вработени со заобиколување на законите, ќе се гонат кривично.

Според податоците со кои располагаат синдикатите, минималната плата во земјава е најниска во регионот. Помал износ се исплаќа само во Босна и Херцеговина.

Велат платите растат, но залудно. Анализите на ССМ покажаа и нов рекорд на минималната потрошувачка кошница. За еден месец трошоците скокнаа за над 1.500 денари. На едно четиричлено семејство за да го истурка месецот му се потребни речиси 1.000 евра. Најголем скок на цените е забележан кај храната. Синдикатите ги повикаа и работниците од приватниот сектор да им се приклучат на протестот за први мај.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на Гоце Делчев

Дејан Дејан

Тројца грабнале скопјанец го тепале и уценувале, меѓу нив и еден полицаец

Дејан Дејан

По речиси една година мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе