Вести Економија Македонија Топ вести

ССМ бара годинава да има уште едно зголемување на минималецот, мартовското покачување не е доволно

До крајот на годинава да има уште едно зголемување на минималната плата, бараат синдикатите. Мартовскиот скок на минималецот на 22. 500 денари велат дека не е доволен и бараат идната Влада во првите 100 дена да направи уште една корекција и со тоа  минималната плата да достигне износ од 450 евра, колку што е во некои земји од регионот.  Ова го соопштија синдикатите пред стартот на состанокот на економско социјалниот совет, на кој присуствуваат и претставници од Владата и од организацијата на работодавачи.

Одлуката за новото зголемување на минималната плата се уште не е влезена во  Службен весник. Од ССМ очекуваат тоа да се случи најдоцна до понеделник, а по објавата вработените во јавниот сектор  на мартовската плата да добијат плус 2400 денари.  Од ССМ уште еднаш предупредија – ако некој се обиде да ги изигра овие вработени со заобиколување на законите, ќе се гонат кривично.

Според, податоците со кои располагаат синдикатите минималната плата во земјава е една од најниската  во регионот. Помал износ се исплаќа само во Босна и Херцеговина.

Велат платите растат но залудно. Анализите на ССМ покажаа и нов рекорд на минималната потрошувачка кошница. За еден месец трошоците скокнаа за над 1500 денари.  На едно четиричлено семејство  за да го истурка месецот му се потреби речиси 1.000 евра. Најголем скок на цените е забележан кај храната.

Синдикатите ги повикаа и работниците од приватниот сектор да им се приклучат на протестот за први мај.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово, тројца поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе