Ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови претежно во планинските региони ќе има слаб дожд. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец кој поизразен ќе биде во должина на Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната од 10 до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Информации од ова утро: 13.3.2024 год
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-1 Попова Шапка, Маврови Анови, 0 Лазарополе, Берово, Крушево, 1 Прилеп, Битола, 2 Претор, 3 Демир Капија, Струмица, 4 Велес, Кавадарци, Охрид, Тетово, Крива Паланка, 7 Скопје-Зајчев Рид, 5 Виница, Гевгелија, 6 Штип, 8 Дојран.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)
11 Гевгелија, 8 Струмица, 7 Виница, 6 Радовиш Пожар, 5 Крива Паланка, 4 Охрид, 3 Лазарополе, Куманово, 2 Берово, 1 Маврови Анови, Демир Капија, Претор, Штип, Битола, Дојран, Скопје – Петровец.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo