Вести Економија Топ вести

Ланци маркети најавуваат дека ќе ги задржат гарантираните цени на прехранбените производи

Владината мерка за гарантирани цени истече на 1 март, веднаш следуваше поскапување на дел од производите како и реакција од граѓаните. Гарантираните цени повторно ќе се вратат во дел од маркетите но не како владина мерка туку како еден вид на добра волја на маркетите кои се одзваа на повикот на пазарната инспекција.

Поскапување на цените има особено во делот на млечните производи, потврдува директорот на пазарниот инспекторат Горан Трајковски.

„Цените на производите кои беа опфатени со одлуката на Владата кај голем дел од трговците на мало се исти и непроменети. Забележано е мало покачување кај млечните производи но Државниот пазарен инспекторат нема да остене нем по ова прашање. Ќе продолжиме со интензивни контроли и кај големите маркети а од денес и кај добавувачите односно трговците на големо“, изјави Трајковски.

Засега десетина маркети се одзваа на апелот на Пазарната инспекција и преку социјалните мрежи, најавија дека ќе ги задржат цените до 15 мај или до носење на законот за нефер трговски практики. Пазарните инспектори ќе следат дали тие се држат до најавеното и во спротивно ќе одговараат за измама.

„Граѓаните верувам дека видоа на социјалните мрежи. Сакам да го поздравам потегот бидејќи решија да ги задржат намалените цени на основните прехранбени производи.Повторно сакам да апелирам и до трговците на големо да го направат истото. ДПИ ќе постапува по законот за заштита на потрошувачите односно во делот од законот за измамничко однесување на трговците кои повикале на намалени цени но не ги намалиле. Доколку се покаже дека има такви при надзорот ќе бидат казнети“, објасни Трајковски

Досега два маркети, еден во Скопје и  еден во Битола, се казнети со глоба и затварање бидејќи ден пред истекот на мерката односно на 29 февруари ги тргнале гарантираните цени.

„Денеска се издадени решенијата за затварање на маркетите. Според одредбите од Законто за заштита на потрошувачи, не означиле цени и предвреме ја тргнале ознаката загаранатирана цена. Истите ќе бидат затворени од 7 до 15 дена а казните ќе бидат од 7 до 10 илјади евра“, соопшти Трајковски.

Законот за нефер трговски практики кој од Владата го најавија како замена за гарантираните цени и кој треба да ги заштити граѓаните од евентуални ценовни шокови веќе втор месец е во собраниска процедура.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе