Uncategorized Вести Свет Топ вести

Брегзит како инспирација за Текзит – движење во Тексас кое сака отцепување од САД

Тексас пред 200 години беше независна држава, статус за кој и сега има многу приврзаници кои заговараат отцепување од САД, процес што го нарекуваат Текзит. Заговорниците на таквата драстична идеја, инспирирана од Брегзит, истакнуваат дека ќе биде од помош за решавање на мигрантската криза и спорот со Вашингтон околу тоа кој ја контролира границата со Мексико, објави агенцијата АФП.

Спорот меѓу демократскиот претседател Џо Бајден и републиканскиот гувернер, Грег Абот открива длабоки поделби во САД.

„Ние овде во Тексас знаеме дека единствен начин за да имаме сигурна граница и разумен имиграционен систем да го стори тоа како и 200 други земји во светот е самостојна независна нација“, смета Даниел Милер, претседател на Тексашкото националистичко движење.

Милер инсистира дека движењето на чие чело е, а формирано во 2005 година, никогаш досега не било поблиску до остварување на целта.

Во 19-от век Тексас беше дел од Мексико. Но, по војната за независност, т.н. Тексашка револуција, стана суверен во 1836 година. Девет години подоцна им се придружи на САД како 28 сојузна држава.

Милер го споредува движењето за Тексит со шокантната одлука за Брегзит во 2016 година која доведе до излез на Обединетото Кралство од Европската Унија.

Тој порача дека Тексас дели историја и интереси со останатиот дел од САД, но како и заговорниците за независност на Каталонија од Шпанија, смета дека централна влада не ги разбира нивните проблеми.

Додека Американците се подготвуваат за гласање на претседателските избори во ноември на кои главни актери, најверојатно, повторно ќе бидат Бајден и Трамп, движењето за независност на Тексас бара од државното собрание да донесе закон кој би овозможил референдум за независност.

Меѓутоа, американскиот Устав не допушта такво нешто на сојузните држави. Напротив, сецесијата на државите на југот, вклучувајќи го и Тексас, доведе до граѓанска војна во 1861 година, најкрвавата во американската историја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе